Connect with us

Технологија

„Плејстејшн“ го гасне пазарот на дискови вреден 7,2 милијарди долари – од 2028. ќе се игра само дигитално

Одлуката на компанијата „Сони“, да ги повлече од производство дисковите за новите „плејстејшн“ игри, би можело сериозно да влијае врз глобалниот пазар за стари видеоигри, чија вредност во моментов се проценува околу 7,2 милијарди долари, се наведува во соопштението на истражувачката куќа „Дејтаинтел“.

Според анализите на пазарот, веќе користените игри, до 2034 година би можеле да достигнат вредност од околу 13,8 милијарди долари.

Од јануари 2028 година сите нови игри за „Плејстејшн“ ќе бидат достапни исклучиво во дигитален формат. Корисниците и понатаму ќе можат да купуваат дискови со постарите игри, но новите ќе можат да ги купат само во дигитален формат, соопшти „Сони“ на почетокот на јули. 

Според критичарите, целосната дигитализација може да ги ограничи можностите за препродажба, размена и позајмување на игрите.

Одлуката на „Сони“ претставува значаен пресврт во индустријата на видеоигри.