Connect with us

Општини

Во Велес гореше сува трева на две блиски локации

Во новиот дел на Велес денеска гореше сува трева на две локации на улица „Луј Пастер“ која води покрај пругата Велес-Битола кај поранешната фабрика „Киро Ќучук“ и во близина на касарната. Двата пожари брзо се изгаснати со брза интервенција на  екипите на Противпожарната единица Велес и спречена е поголема материјална, како и штета по животната средина во градот.

Како што попладнево  информираат од ТППЕ Велес, утрово во 6:25 часот била примена дојава за запалена трева на улицата „Луј Пастер“ што води покрај пругата Велес-Битола во близина на поранешната фабрика „Киро Ќучук“. ТППЕ Велес излегла веднаш на лице место со едно противпожарно возило и тројца пожарникари по што пожарот за кратко време бил изгаснат и било спречено да се прошири на куќите и други објекти во близината.

Втората дојава за запалена сува трева кај касарната во Велес во ТПП Велес била примена утрово во 9:10 часот. Екипа на ТППЕ Велес веднаш излегла на терен со едно противпожарно возило и двајца пожарникари. За кратко време пожарот бил изгаснат и било спречено да се прошири на околните објекти и згради.

Од ТППЕ Велес апелираат до граѓаните доколку забележат пожар веднаш да се јават на бесплатните телефонски броеви 193 или 112.