Connect with us

Општини

Втор ден пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите ги повикуваат граѓаните да избегнуваат движење во зоните зафатени со чад

ТППЕ Струмица и денеска продолжи со гаснење на пожарот на депонијата кај село Добрашинци и предупредуваат дека ваквите пожари создаваат густ чад и опасни гасови кои можат негативно да влијаат врз здравјето, особено врз децата, постарите лица и лицата со хронични заболувања, објавија денеска пожарникарите.

Ги повикуваат граѓаните да избегнуваат движење во близина на депонијата и зоните зафатени со чад.

– Доколку почувствуваат силен мирис на чад да ги затворат прозорците и вратите и доколку е можно да останат цво затворени простории, се наведува во апелот на ТППЕ Струмица.

Исто така, бараат од граѓаните да не палат стрништа, сува трева или отпад, бидејќи и најмала несовеснот може да предизвика нов пожар и да не фрлат отпушоци и запалив отпад во природа.

Се додава дека пожарникарите вложуваат максимални напори за целосно гаснење на пожарот.

Инаку, на пожарот во депонијата „Шапкар“ кај Струмица, претпладнево реагираа граѓански организации и политички партии, кои бараат да се стави крај на честото опожарување на оваа депонија и да не се загадува воздухот, но и да се најде одржливо решение за одлагање на отпадот.

Ad
Ad