Општини
Почнаа градежни активности за отварање на Ургентен центар во штипската Клиничка болница
Почнаа градежните активности за адаптација на просторот на Клиничка болница-Штип, каде што од септември ќе се отвори Ургентниот центар. Заради овие активности сите пациенти и услуги адекватно ќе се третираат со најавување и закажување на телефонот во дежурната амбуланта.
-Ве известуваме дека поради реконструкција и изведување на градежни активности во делот од ЈЗУ Клиничка болница -Штип ,каде што е планиран Ургентниот центар во наредните два месеци додека траат градежните активности ,сите пациенти и услуги адекватно ќе се третираат со претходно најавување и закажување на службениот број во Дежурна амбуланта 078/482-657- се вели во соопштението од Клиничка болница-Штип.
Инаку, претходно сите специјалистички амбуланти и Центри за кои пациентите добиваат упати преку системот „Мој термин“ беа преселени во просториите на поранешната модуларна болница.
јули 21, 2026


