Општини
Депонијата кај селото Бели повторно намерно запалена, од Општина Кочани апелираат до граѓаните на совесност
Според Општина Кочани, градската депонија кај селото Бели, повторно е изложена на неодговорно и несовесно однесување кое директно го загрозува здравјето на граѓаните и животната средина.
-Депонијата повторно е намерно запалена од несовесни поединци. Ваквите постапки не се само чин на неодговорност, туку претставуваат сериозна опасност за сите нас. Наместо да придонесуваат за почиста и побезбедна средина, поединци свесно создаваат проблеми чии последици ги чувствува целата заедница, стои во соопштението на локалната самоуправа.
Откако е забележан огнот, претставници на Општината и на КЈП „Водовод“ реагираа веднаш и се на терен, каде со максимален ангажман работат на локализирање и гаснење на пожарот.
Од Општината и Комуналното претпријатие упатуваат апел до граѓаните да покажат совест и одговорност, потенцирајќи дека Кочани заслужува чиста и безбедна средина.
Општина Кочани, стои во соопштението, ќе продолжи да презема сè што е во нејзина надлежност за справување со ваквите ситуации и ќе инсистира на утврдување одговорност за секој што свесно го загрозува јавниот интерес
јули 20, 2026

