Connect with us

Ракомет

Кузмановски остана верен на Еурофарм Пелистер

Капитенот на Еурофарм Пелистер Филип Кузмановски ќе остане во Битола и ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер и во следната сезона. Капитенот на клубот и на македонската репрезентацијата останува две сезони, иако имаше понуди кариерата да ја продолжи во странство.

По завршувањето на домашното првенство Кузмановски беше на „позајмица“ во Кувајт Клуб и настапи на азискиот шампионат.

Останувањето на Кузмановски секако ќе голем плус за новиот тренер Лино Червар, за претстојната сезона каде битолчани имаат големи амбиции пред сè освојување на шампионската титула.

Кузмановски се врати во Еурофарм Пелистер на 2023 година. Тој има настапувано во Македонија во редовите на Металург, а во странство во екипите од Бундес лигата: Магдебург, Хановер и Вецлар.

Ad
Ad