Connect with us

Кошарка

Бразилец тренер на Чикаго Булс

Бразилскиот кошаркарски тренер Тиаго Сплитер ќе биде нов тренер на поранешниот НБА шампион Чикаго Булс. Сплитер изминатава сезона ја мина како тренер на Портланд и избори плеј оф со биланс 42-40 (победи/порази). Во плеј офот неговата екипа беше елиминирана во првото коло од финалистот Сан Антонио. Сплитер е првиот бразилски кошаркар во НБА лигата што ја освои шампионската титула со Сан Антонио во 2014 година.

Тој на позицијата тренер во Портланд го замени Чонси Билапс, кој доби суспензија поради вмешаност во илегално обложување.

Играчката кариера ја заврши поради здравствени проблеми во 2018 година, а како помошен тренер има работено во Бруклин и Хјустон. Во сезоната 2024/25 го водеше тимот на Париз, кога за оваа екипа настапуваше Американецот со македонски пасош Ти Џеј Шортс и ја освои двојната круна.

Тимот на Чикаго Булс четврта сезона по ред е без пласман во плеј офот, а сезонава ја заврши со скор 31-51.

Ad
Ad