Тенис
Серена Вилијамс го заврши настапот на Квинс турнирот на неочекуван начин
Поранешната најдобра светска тенисерка Серена Вилијамс по вчерашната победа денеска дозна дека повеќе нема да настапува во двојки на Квинс турнирот во Лондон. Нејзината партнерка во игра на двојки Викторија Мбоко се повреди на мечот во сингл конкуренција.
Мбоко на мечот против Каролина Плишкова од Чешка доживеа повреда откако се лизна. Во моментот на прекинот Мбоко резултатот беше 2:6 и 4:3 во гемови за Плишкова. Таа со солзи во очите го предаде мечот на ривалката.
Мбоко и Серена Вилијамс вчера постигнаа победа во првото коло, но повеќе нема да може да настапуваат на овој турнир.
Серена Вилијамс следната недела ќе игра на турнирот во Берлин со Каролина Мухова.
јуни 11, 2026

