Connect with us

Тенис

Зверев прв финалист на Ролан Гарос

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во финалето на Ролан Гарос, откако попладнево во четири сета го совлада Чехот Јакуб Меншик со 7-5, 6-2, 3-6, 6-3.

Дваесетидеветгодишниот Зверев се избори за своето четврто грен слем финалето, а во претходните три претрпе исто толку порази – на Ју Ес Опен 2020, Ролан Гарос 2024 и Австралија Опен 2025.

Во неделното финале, Зверев ќе игра против победникот од втората полуфинална пресметка меѓу Италијанецот Флавио Коболи и неговиот сонародник Матео Арналди.

За поразениот Меншик ова е најдобар резултат на грен слем турнирите, заедно со освоениот АТП Мастерс 1000 турнир во Мајами во 2025 година.

Ad
Ad