Скопје
Се поставува видео надзор на јавните површини во општина Бутел
Општина Бутел соопшти дека започна активности за поставување на видео надзор на јавните површини во општината.
Во изминатиот период, беа оштетени голем број на детски игралишта, спортско-рекреативни центри и паркови. Локалната самоуправа ја надомести штетата и ги обнови јавните површини, но уништувањето на детските игралишта, спортските терени и урбаната опрема продолжува.
Поставувањето на видео надзорот ќе придонесе за намалување на девијантните појави. Снимките од надзорот ќе може да се користат единствено по налог на надлежните институции, со целосно почитување на законите.
Градоначалникот Дарко Костовски упати апел за совесно користење на урбаната опрема и заштита на општинскиот имот.
јуни 5, 2026


