Фудбал
Слот доби отказ од Ливерпул
Арне Слот попладнево поднесе оставка од тренерската позиција во Ливерпул, објави прес-службата на клубот.
– Уште од првата средба со Арне, беше јасно дека тој е личност која не само што прифаќа одговорност, туку живее со неа. Ова беше очигледно кога ја прифати работата на менаџер, кога нè водеше до титулата во Премиер лигата и во текот на целата минатата сезона, кога се соочи со значајни предизвици.
Во исто време, колективно се согласивме дека промената е неопходна за континуираниот развој на клубот.
Сакаме да ја искористиме оваа можност да му ја изразиме нашата благодарност на Арне, кој засекогаш ќе биде запаметен во историјата на овој фудбалски клуб како менаџерот кој му ја донесе на Ливерпул 20. титула во лигата, се вели во соопштението на клубот.
Четириесет и седумгодишниот Холанѓанец беше предводник на Ливерпул од летото 2024 година. Под негово водство, „Црвените“ ја освоија Премиер лигата во сезоната 2024/25.
Минатата сезона, Ливерпул не успеа да освои ниту еден трофеј – тимот заврши на петтото место во Премиер лигата со 60 бода, стигна до четвртфиналето на Лигата на шампионите, четвртфиналето на ФА Купот и четвртото коло од Англискиот Лига Куп, а исто така загуби од Кристал Палас во Комјунити Шилд.
мај 30, 2026
