Connect with us

Фудбал

Египет, без Салах, ја совлада Русија

Во подготвителен натпревар за Светското првенство, фудбалската репрезентација на Египет ја совлада синоќа Русија со 1-0 во Каиро.
Победничкиот гол го постигна Мостафа Зико во 65. минута, на асистенција на Мохамед Хани.
Селекторот на Египет, Хосам Хасан, тестираше 21 играч, а првата ѕвезда на Мохамед Салах остана на клупата за резерви.
Египет до стартот на Мундијалот ќе одигра уште еден подготвителен натпревар, а противник ќе им биде Бразил на 7 јуни во Кливленд.
На Светското првенство Египет ќе игра во Групата Г, во која се и Белгија, Нов Зеланд и Иран.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1