Connect with us

Фудбал

Каспер Шмајхел ја заврши кариерата

Данскиот голман Каспер Шмајхел објави денеска става точка на својата професионлна кариера, на 39-годишна возраст.

Изминатите две сезони Шмајхел го бранеше голот на шкотскиот гигант Селтик, но беше надвор од теренот последните месеци поради повредата што ја здоби во февруари, што доведе до неговата одлука да ја заврши кариерата.

„Кога ќе ми истече договорот со Селтик во јуни, ќе ја завршам кариерата. Одлуката ја донесов по консултација со неколку хирурзи, кои ми рекоа дека не треба да се надевам оти ќе можам да се вратам на посакуваното ниво по операцијата“, рече Шмајхел.

Синот на легендарниот Питер Шмајхел, Каспер Шмајхел и самиот изгради блескава кариера, во која имаше 120 настапи за данската репрезентација, а неговиот најголем успех беше на клупско ниво кога го освои англиското првенство со Лестер во 2016 година.

Со Лестер, за кого играше од 2011 до 2022 година, го освои и ФА Купот во 2021 година, додека со Селтик освои две шкотски првенства, еден Куп и еден Лига Куп.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1