Вести
Јаневска и претставници на Македонците од Албанија разговарале за унапредување на наставата по македонски јазик
Претседателката на здружението “ВМРО ДПМНЕ Албанија”, Елена Симонофски и познатиот активист за правата на Македонците во Албанија, Едмонд Темелко, денеска оствариле средба со министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
“На средбата разговаравме за прашања од исклучителна важност за македонската заедница во Албанија. Меѓу другото за унапредување на наставата по македонски јазик во Албанија, доквалификација на наставниот кадар и организирање екскурзии за децата од македонските општини” објави Симонофски.
Исто така изразува благодарност за покажаното внимание и интерес на министерката, но и премиерот Христијан Мицкоски за грижата за Македонците во Албанија.
-Ваквите средби се клучни за зачувување на македонскиот идентитет надвор од границите на татковината. Продолжуваме да работиме за нашите луѓе, нагласува Симонофски во објавата.

