Фудбал
Невил ја напушти клупата на Портланд
Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец, а сега тренер Фил Невил, по лошиот почеток на сезоната, го раскина договорот со МЛС тимот Портланд Тимберс по меѓусебна согласност.
Невил беше на клупата на Портланд три години, но во првите 14 натпревари од оваа година оствари само четири победи, па тимот е на 13-то место во Западната конференција.
Невил ја напушти клупата на Портланд на првиот ден од меѓународната пауза поради Светското првенство, кое ќе се игра во САД, Мексико и Канада.
Работата на Невил во Портланд беше негова втора во МЛС, откако го водеше Интер Мајами од 2021 до 2023 година.
мај 27, 2026

