Connect with us

Вести

Адвокат Лазо Ѓорѓиевски нов претседател на УО на Адвокатската комора

Ве известуваме дека на 16 мај 2026 година, во хотел „Изгрев“ во Струга, се одржа 71-то годишно Собрание на Адвокатската комора на Република С. Македонија, на кое беа избрани нови членови на органите на Комората за наредниот мандатен период.

За претседател на Управниот одбор на Адвокатската комора на Република С. Македонија е избран адвокат Лазо Ѓорѓиевски од Скопје. За заменици претседатели се избрани  адвокатката Хамдије Адеми Тафа од Кичево и адвокат Дарко Георгиев од Скопје.

Адвокатската комора на Република С. Македонија и понатаму останува посветена на заштитата на независноста и самостојноста на адвокатурата, унапредувањето на професионалните стандарди, владеењето на правото и заштитата на човековите права и слободи, како и на продлабочувањето на соработката со домашните и меѓународните институции и организации.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1