Connect with us

Економија

Божиновска на министерска средба во Атина со колегите од регионот: Со заеднички напори ќе градиме интегриран и силен енергетски систем

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска учествуваше на заедничката министерска средба со министрите за енергетика на Република Грција, Република Србија и Република Бугарија, Ставрос Папаставру, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, и заменик-министерот Кирил Темелков, која се одржа во Атина, Грција.

Како што информира Кабинетот на Божиновска, станува збор за средба која е единствена во ваков формат, а е фокусирана на регионалното енергетско поврзување и зацврстување на соработката меѓу земјите од регионот на полето на енергетиката.

Министрите ја нагласија потребата од натамошна меѓусебна соработка во регионот како катализатор на инфраструктурните развојни планови, пазарната интеграција во делот на гас и електрична енергија, флексибилноста и сигурноста во снабдувањето. Се разговараше на техничко ниво со владините претставници и систем операторите за гас и електрична енергија. Беше потенцирана одличната соработка помеѓу систем-операторите на четирите земји, со дополнително барање да се интензивираат нивните контакти и да се продлабочи нивната соработка во понатамошниот период.

На крајот од состанокот, се посочува, беше договорено да се прошират работните групи со Србија и Македонија, со цел да работат поефективно во насока на градење поврзана, поотпорна, одржлива регионална енергетска рамка, усогласена со целите на Европската енергетска унија.

Министерката Божиновска ја истакна важноста и потребата од координација во однос на инфраструктурата, пазарите и политиките, оценувајќи ја како клучна за изградба на поотпорен и поконкурентен енергетски систем во Југоисточна Европа.

– Денешната дискусија доаѓа во важен момент за нашиот регион. Југоисточна Европа се наоѓа во сложена енергетска транзиција, каде што сигурноста на снабдувањето, интеграцијата на пазарите и декарбонизацијата мора да напредуваат заедно. Македонија целосно ја споделува оваа визија. Ние сме посветени на зајакнување на енергетската безбедност преку диверзификација, забрзување на интеграцијата на обновливите извори на енергија и усогласување со внатрешниот енергетски пазар на ЕУ – нагласи министерката Божиновска на средбата со колегите од регионот додавајќи дека ниедна земја не може сама да се справи со овие предизвици.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1