Економија
Бројот на странски туристи до март годинава зголемен за 6,9 отсто
Во март годинава во земјата се евидентирани 73.921 туристи, кои оствариле 134.233 ноќевања, објави Државниот завод за статистика
Од вкупниот број туристи, 19,7 % се домашни, а 80,3 % се странски. Кај ноќевањата, пак, 26,5 % се од домашните, а 73,5 % од странските туристи.
Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5,2 %. Кај домашните туристи има зголемување за 1,3 %, а кај странските за 6,9 %.
Вкупниот број на ноќевањата е намален за 0,3 %. Кај домашните туристи има пад за 1,2 %, а кај странските има зголемување за 0,2 %.
мај 14, 2026
