Connect with us

Економија

Народната банка: Отсега плаќања во евра од и кон Србија во рамките на СЕПА

Со приклучувањето на Србија во системот СЕПА отсега е овозможено плаќања од и кон Србија во евра во рамките на СЕПА-областа. Тоа, како што соопшти Народната банка на РСМ, во пракса значи побрзи и поефикасни прекугранични плаќања во евра со Србија, значително пониски надоместоци во споредба со традиционалните канали за плаќање и поедноставни процедури за плаќања и приливи. 

– Србија е еден од нашите најзначајни трговски партнери и се наоѓа меѓу петте најголеми партнери во надворешната трговија на земјата, што дополнително ја зголемува важноста на оваа интеграција. Оваа новина е особено значајна и за многубројната дијаспора, како и за долгогодишните економски, семејни и традиционални врски меѓу двете земји овозможувајќи поевтини и побрзи трансфери кон и од Србија – велат од Народната банка.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1