Connect with us

Економија

Домашната градежна оператива со намалена вредност на договорени и извршени работи во странство

Во периодот јануари – март годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 4 459 илјади денари, што е за  91,4  проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година. 

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, во првиот квартал годинава градежната оператива од државава во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 4 457  илјади денари, што е за 78,5 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година. 

Домашните градежници во првите три месеци од годинава имале договорени и извршени работи во Чешка, Босна и Херцеговина и Албанија.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1