Фудбал
ПСЖ ја преживеа Алианц Арена, славеа како да освоиле титула
Фудбалерите на ПСЖ се изборија за ново финале во Лигата на шампионите откако вечерва одиграа нерешено 1:1 во вториот натпревар од полуфиналето против Баерн во Минхен. Победата од 5:4 на првиот дуел се покажа решавачка за пласманот на ПСЖ во финалето.
За францускиот тим ова е трето финале, а второ во низа во најквалитетното фудбалско натпреварување.
ПСЖ поведе со голот на Усама Дембеле во 3.минута и потоа со одлична дефанзивна игра не му дозволија на ривалот да дојде до шанса за гол. Голот за изедначување Баерн го постигна во судиското наполнување на вториот дел преку Хари Кејн во 90+4 минута.
Во финалето на 30.мај во Будимпешта од 18 часот ќе играат Арсенал и ПСЖ.
мај 7, 2026

