Фудбал
Терзиќ нов тренер на Атлетик Билбао
Един Терзиќ е нов тренер на Атлетик Билбао, објави денеска шпанскиот прволигаш.
Германскиот тренер со хрватски и босанско-херцеговски корени потпиша договор со Атлетик до 2028 година.
Последниот тренерски ангажман на Терзиќ беше на клупата на Борусија Дортмунд, со која дојде до финалето на Лигата на шампиони во 2024 година, во кое Борусија беше поразена со 0:2 од Реал Мадрид.
Со клубот од Дортмунд, 43-годишниот Терзиќ го освои Купот на Германија во 2021 година.
мај 6, 2026

