Кошарка
НБА: Орландо го отпушти Мозли
НБА лигашот Орландо му врачи денеска отказ на тренерот Џамал Мозли, јавија американските медиуми.
Орландо ја објави разделбата со 47-годишниот стратег помалку од 24 часа по елиминацијата во четвртфиналето од плејофот во Источната конференција.
Составот предводен од Мозли имаше водство од 3-1 плејофот серијата против Детроит, но на крајот беше елиминиран.
Особено шокантен беше шестиот натпревар од серијата во кој Орландо имаше предност на домашен терен од 22 поени на полувремето (60-38). Сепак, кошаркарите на Орландо во второто полувреме постигнаа само 19 поени, што резултираше со пораз од 79-93.
Мозли седна на клупата на Орландо во 2021 година, а во 2024 потпиша нов четиригодишен договор.
мај 5, 2026

