Connect with us

Вести

Лажни казни за сообраќајни прекршоци од „Safe City“ преку СМС, МВР алармира за нова измама

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека е забележана зачестена појава изминативе денови, каде непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 испраќаат на македонски корисници пораки за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна картичка за него на лажна веб страница http://mvr.govmk.cam/mk.

Измамата, појаснува МВР, ја вршат на тој начин што лицата откако ќе кликнат на линкот оставен во пораката, тој води на лажна веб страница на МВР каде што бараат да ја внесете вашата регистарска табличка од вашето возило и потоа ве носи на нов прозорец каде ви е регистриран прекршок и ви бараат наплата од 1.500 денари.

– Апелираме до граѓаните да бидат претпазливи и да не веруваат на пораки кои доаѓаат од нелегитимен веб сајт на Министерството, ниту да оставаат свои лични податоци и податоци од својата платежна картичка, кои потоа претставуваат цел на злоупотреба. Исто така, Секторот за компјутерски криминал при МВР апелира до граѓаните и правните субјекти да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи со цел да не наседнуваат на измами од ваков тип – соопшти Министерството за внатрешни работи.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2