Connect with us

Хроника

Акција на МВР и ФБИ: Двајца приведени во Тетово за онлајн криминал вреден над 500.000 долари

Секторот за компјутерски криминал при Министерство за внатрешни работи, постапувајќи по информации добиени од ФБИ, спровел координирана истрага за нелегален онлајн пазар познат како „OLVX“, при што во полициска акција во тетовското село Голема Речица се приведени две лица осомничени дека биле администратори на платформата.

Според информациите од истрагата, онлајн пазарот бил активен од јули 2023 година и функционирал преку повеќе интернет домени и содржел детална база на компромитирани лични податоци за регистрација на сметки на клиенти и продавачи, при што биле евидентирани над 2.600 кориснички сметки и над 1.500 сметки на продавачи. Вкупната продажна вредност на артиклите надминува 500.000 американски долари.

-Во рамки на постапката, а врз основа на судска наредба издадена од Основен суд Тетово, извршен е претрес на територија на Општина Тетово, село Голема Речица кај осомничените А.Е. (20) и А.И. (23), македонски државјани, за кои постојат основани сомненија дека се администратори на наведениот онлајн пазар. За време на извршување на претресот тие се затекнати на лице место во вршење на кривично дело за кое се сомничат и при тоа се одземени десктоп компјутери, лаптоп компјутери и телефони кои ќе бидат предмет на понатамошна форензичка анализа и ќе послужат како доказ во кривичната постапка, а лицата се лишени од слобода, се наведува во соопштението од МВР.

Секторот за компјутерски криминал, како што се наведува во соопштението, продолжува со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на случајот, во насока на идентификација на сите инволвирани лица и обезбедување на релевантни докази, согласно важечките законски прописи.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1