Connect with us

Хроника

Лишен од слобода дрвокрадец од скопско

МВР утрово информира дека е лишен од слобода дрвокрадец од скопско. Станува збор за Ф.Ј. (26), кој освен што пренесувал огревни дрва без жиг и документација, возел и без дозвола. 

-На 27.04.2026 во с. Бродец, скопско, полициски службеници од ПО Мирковци го лишија од слобода Ф.Ј. (26) од скопско, затоа што со патничко возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, пренесувал огревни дрва без жиг и документација. Во понатамошната постапка е утврдено и дека возилото е со истечена важност на сообраќајната дозвола, а Ф.Ј. немал возачка дозвола, наведува МВР на официјалниот фејсбук профил.

За случајот е известен јавен обвинител и по документирање на случајот, против Ф.Ј. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1