Connect with us

Кошарка

НБА: Оклахома и Минесота на чекор до конференциско полуфинале, Денвер пред елиминација

Кошаркарите на Оклахома Сити и Минесота се на чекор од пласман во полуфиналето на Западната конференција во НБА лигата, додека Орландо поведе со 2-1 во плејоф серијата до четири победи со триумф синоќа над Детроит, а Њујорк израмни против Атланта на 2-2.

Оклахома Сити триумфираше над Феникс со 121-109 во третиот натпревар од плејофот на Западната конференција и поведе со 3-0, а до победата ги предводеше Шеј Гилџус-Александар, кој постигна 42 поени и запиша осум асистенции.

Минесота, исто така, поведе со 3-1, совладувајќи го Денвер со 112-96 во четвртиот натпревар од четвртфиналето на серијата во Западната конференција. Ајо Досунму, кој влезе од клупата за резерви, постигна 43 поени.

Никола Јокиќ го заврши натпреварот со 24 поени, 15 скокови и девет асистенции, но шутираше 8 од 22 од поле и ги промаши сите три обиди за тројки. Српскиот кошаркар на крајот на натпреварот беше исклучен, откако предизвика инцидент, обидувајќи се физички да го нападне противничкиот центар Џулиус Рендл, кој, исто така, беше исклучен.

Серијата се враќа во Денвер, а петтиот натпревар ќе се игра во понеделник навечер.

Њујорк Никс го израмни резултатот во првото коло од Источната конференција против Атланта на 2-2 во серијата до четири победи, извојувајќи победа со 114-98 на гостински терен синоќа. Карл Ентони-Таунс вкупно постигна 20 поени, 10 асистенции и 10 скокови за својот прв плејоф трипл-дабл во кариерата.

Орландо Меџик го совлада Детроит со 113-105 во третиот натпревар од плејофот од првото коло на Источната конференција и поведе со 2-1 во серијата. Паоло Банчеро и Дезмонд Бејн постигнаа по 25 поени за Орландо. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 3