Вести
Обвинителството: Извршен увид на градилиштето во Кисела Вода, ќе се врши обдукција на починатиот работник
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на самото место на локацијата во Кисела Вода, каде што при одрон на градилиште еден работник го загуби животот, а тројца беа повредени.
Јавниот обвинител издал наредба за обдукција на починатиот.
– Во насока на испитување на причините за несреќата и почитувањето на прописите за заштита при работа постапуваат и Државниот инспекторат за труд и општински градежен инспектор – информираат од Обвинителство.
Претходно, доктор Драган Панов, шеф на смена во Итната медицинска помош – Скопје, за МИА информира дека според првичните информации, настраданите најверојатно се на возраст од 35 до 45 години, но увидот ќе покаже за што точно станува збор и под какви околности се случила несреќата.
Жртвата, според првичните информации, е на 34-годишна возраст.
април 25, 2026

