Општини
Македонски друштва: Во Албанија за гласање на изборите во Бугарија се пријавиле само 183 лица
Македонското друштво „Преспа“ и здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ објавија дека за гласање на денешните парламентарни избори во Бугарија се пријавиле 183 лица.
-Во Албанија на пописот над 7.000 „Бугари”, а за гласање се пријавиле само 183 лица. Вистината е поедноставна и поубедлива — поголемиот дел од тие „Бугари” го зеле бугарскиот пасош само заради слободното движење во ЕУ, не заради идентитет, не заради убеденост, не заради припадност, стои во објавата.
Се додава дека кога дошло време да гласаат за „својата” Бугарија нив ги нема.
-Бројките зборуваат сами за себе. Не постои никаква голема бугарска заедница — постои само добро финансирана пропагандна машина која сака да ги фалсификува нашата историја и идентитет. Вистината е упорна. И денес — таа победи, се констатира во објавата.
На пописот што во Албанија беше спроведен во 2023 година бројот на попишани Бугари во Албанија изнесува 7.957, додека бројот на Македонци е 2.281. На претпоследниот попис во Албанија, во 2011 година биле регистрирани 5.512 Македонци.
Ова беше 12-ти по ред попис, од кога Албанија е прогласена за независна држава, во 1912 година. Во сите претходни ниту едно лице во Албанија не се изјаснило како Бугарин.
април 20, 2026

