Connect with us

Фудбал

Енрике: ПСЖ имаше 23 шутеви, Лион пет и постигна два гола

Тренерот ПСЖ, Луис Енрике, го коментираше поразот од 2:1 од Лион во домашниот натпревар од 30. коло од француското фудбалско првенство.

– Се обидовме да постигнеме голови, промашивме пенал и постигнавме гол со последниот шут. Таков е фудбалот. На почетокот од натпреварот беше јасно дека се мачиме и беше тешко. Но, мислам дека тимот се обиде да создаде шанси. Имавме 23 шутеви, тие имаа пет и постигнаа два гола. Тешко е да се победи ваков натпревар. Штета за нас бидејќи ни требаа бодовите и се обидуваме да играме најдобро што можеме на секои три дена. 
Сега треба да се подготвиме за натпреварот против Нант и да разбереме дека ситуацијата во лигата станува сè потешка бидејќи Ленс ни е многу блиску, изјави Енрике по поразот од Лион.

ПСЖ е на врвот на табелата во француското првенство со 63 бода по 28 натпревари. Ленс е втор со 62 бода од 29 натпревари.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1