Connect with us

Фудбал

Иран сепак ќе биде дел од Мундијалот

Белата куќа и покрај политичките и воени тензии очекува доаѓање на фудбалската репрезентација на Мундијалот во САД. Новиот став доаѓа по неделата на неизвесност околу тоа дали Иран ќе учествува на Светското првенство.

Работната група очекува доаѓање на селекцијата на Иран до 10.јуни во Тусон, а потоа да патуваат за Лос Анџелес каде ги играат дуелите со Нов Зеланд и Белгија, додека дуелот со Египет го играат во Сиетл.

Претседателот на САД ги менува ставовите во однос на учеството на Иран на Мундијалот, но претседателот на ФИФА, Џани Инфантино има „скриена“ дипломатска активност Иран да настапи и се да биде како што е планирано од страна на ФИФА.

–  Нема да зборувам во името на иранскиот тим, но можам да кажам дека претседателот (Трамп) кога разговарав со него го повика иранскиот тим да учествува, изјави Ендрју Џулијани, извршниот директор на Белата куќа за Светското првенство.

Иран до ФИФА поднесе барање неговите натпревари да бидат префрлени и да се играат во Мексико, но ФИФА тоа го одби.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3