Кошарка
Филаделфија го победи Орландо и се пласираше во НБА-плејофот
Филаделфија ноќеска го победи Орландо во натпревар од плејин на НБА со 109:97. Натпреварот се одигра во „Иксфинити Мобајл Арена“ во Филаделфија.
Бекот на Орландо, Дезмонд Бејн, постигна 34 поени и беше најефикасен кошаркар на на натпреварот.
Во победничкиот тим најдобри беа Макси (31 поен), Убре (19) и Еџкомб (19 + 11 скока).
Филаделфија се пласираше во плејофот на НБА, а Орландо ќе игра уште една шанса, ќе се соочи со Шарлот за место во плејофот. Натпреварот ќе се одржи на 17 април.
април 16, 2026

