Connect with us

Фудбал

Во четвртфиналните натпревари од ЛШ ефективно се играше помалку од еден час фудбал

Ефективното време на играње во првите четири натпревари од фудбаската Лига на шампионите се играше од речиси 57 минути до 61 минута – во просек од 59 минути и 33 секунди. 

Генерално, ова е пристојно време. На Светското првенство во 2022 година топката беше во игра во просек од 59 минути и 28 секунди. 

За споредба, во англиската Премиер лига, највисокото просечно време на играње е забележано во сезоната 2023/24 (58 минути и 11 секунди). Една година подоцна, времето се намали на 56 минути и 59 секунди, а на есен оваа сезона беше приближно 55 минути и 5 секунди.

Најмногу ефективен фудбал на натпреварите од Лигата на шампионите одиграни на 7 и 8 април е забележан на средбата Барселона – Атлетико Мадрид 0:2 – 61 минута и 8 секунди.

На другите натпревари:

Спортинг – Арсенал 0:1 (60’19”)

ПСЖ – Ливерпул 2:0 (59’59”)

Реал Мадрид – Баерн Минхен 1:2 (56’46”).

Маркетинг
Ad 2
Ad 1