Connect with us

Кошарка

Милвоки го отпушти тренерот Док Риверс

Док Риверс ја напушти својата позиција како главен тренер на Милвоки Бакс, објави инсајдерот Шамс Чаранија.

Клубот ќе му ја исплати неговата осумцифрена плата за сезоната 2026/27. Раководството на клубот и 64-годишниот тренер разговараат за можноста тој да се префрли на советничка улога во организацијата.

Под водство на Риверс, тимот забележа резултат од 97 победи и 103 порази во трите последни НБА-сезони и двапати загуби во првото коло од плејофот.

Оваа сезона, серијата на Бакс од девет последователни настапи во плејофот беше прекината.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2