Кошарка
Капела, ја постигна својата прва тројка во кариерата на 31-годишна возраст
Центарот на Хјустон рокетс, Клинт Капела, ја постигна својата прва тројка во кариерата во натпревар од регуларната сезона на НБА против Мемфис Гризлис.
– На почетокот не можев да поверувам… Дефинитивно еден од најдобрите моменти во мојата кариера, рече Капела.
Ракетите го добија натпреварот со 132:101. Капела имаше продуктивен натпревар, постигнувајќи дабл-дабл од 23 поени и 13 скока, заедно со три блокади и една украдена топка за 23 минути на теренот.
Играчот претходно имаше седум обиди за тројки во 12 сезони во лигата, но не реализира ниту една од нив.
април 14, 2026

