Connect with us

Фудбал

Олисе го сруши рекордот на Рибери за асистенции во ЛШ

Напаѓачот на Баерн Минхен, Мишел Олисе, имаше една асистенција во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Баварците победија со 2:1, Олисе асистираше при вториот гол кој го постигна Кејн во 46.минута.

Олисе стана првиот француски играч во 21 век кој има 25 асистенции во една сезона во сите натпреварувања во првите пет лиги. Дваесет и четиригодишниот фудбалер го сруши рекордот на Франк Рибери од 24 асистенции во сезоната 2011/12.

Реваншот ќе се одржи на 15 април, на „Алијанц Арена“ во Минхен. 

Ad
Ad