Connect with us

Општини

Општина Битола утврди локален енергетски план за 2026 година

Општина Битола утврди општински енергетски план, интегрирана рамка за подобрување на енергетската ефикасност, зголемување на уделот на обновливите извори на енергија, намалување на емисиите на стакленички гасови и намалување на енергетската сиромаштија.

Утврдените мерки се технички изводливи, финансиски реални и мерливи преку јасни индикатори за мониторинг, информираа од тамошната локална самоуправа.

-Анализата на постојната состојба покажува дека најголемиот потенцијал за брзи резултати е во јавниот сектор преку рационализација на потрошувачката, подобро управување и модернизација на опремата, додека кај домаќинствата е потребен посебен пристап поради ризик од енергетска сиромаштија. Планот е усогласен со стратешката визија за одржлив локален развој преку зголемување на локално производство на енергија од обновливи извори на енергија, првенствено фотоволтаици на кровови и избрани локации, потоа со намалување на потрошувачка во јавниот сектор, подобрување на енергетскиот менаџмент и планирање врз основа на податоци, информираа од Општина Битола.

Според Општинскиот енергетски план во 2026 година че се реализираат мерки со најголема исплатливост и краток поврат, LED модернизација на јавни објекти и улично осветлување, оптимизација на греење и ладење и регулација, како и пилот проекти на јавни објекти каде што мрежните услови и потрошувачката тоа го оправдуваат.

Општинскиот енергетски план на Општина Битола е изработен врз основа на национално законодавство во областа на енергетиката, енергетската ефикасност и обновливите извори, усогласен со националните цели и мерки утврдени со Интегрираниот национален план за енергија и клима (ИНПЕК/NECP) и ги следи принципите и методолошките насоки на релевантните европски директиви и регулативи како референтен acquis.

Ad
Ad