Connect with us

Економија

Раст на БДП од 3,1% во првиот квартал

Бруто-домашниот производ порасна за 3,1 % во првото тримесечје од 2026 година во однос на истиот период од 2025 година – соопшти денеска  Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2026 година поголем пораст е забележан во секторите: Градежништво од 7,2 % и Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 6,1 %.

Финалната потрошувачка во првото тримесечје од 2026 година номинално расте за 7,3 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 86,4 %.

Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2026 година номинално растат за 1,8 % како резултат на порастот на бруто-инвестициите во основни средства.

Според сезонските и календарски приспособените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во првото тримесечје од 2026 година во однос на првото тримесечје од 2025 година е 3,3 %. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1