Ракомет
Ракометарите на ГРК Охрид европскиот пехар ќе го прослават со охриѓани
Ракометарите на ГРК Охрид синоќа го освоија пехарот во ЕХФ Европскиот куп, а вечерва граѓаните на Охрид ќе имаат можност да ги поздрават освојувачите на европскиот пехар. Прославата за историскиот клупски успех и голем резултат за македонскиот спорт ќе започне во 19 часот на градскиот плоштад.
Според најавите од ракометарите на плоштадот треба да пристигнат во 20 часот, кога охриѓани ќе можат да ги поздрават, оние кои испишаа нова страница во клупската историја и во македонскиот спорт.
Ракометарите на Охрид до пехарот во ЕХФ Европскиот куп стигнаа со двете победи против унгарската екипа Татабања во финалето, а во текот на целата европска сезона на 12 натпревари постигнаа 11 победи.
јуни 1, 2026
