Тенис
Фонсека преку Руд избори четвртфинале на Ролан Гарос
Бразилецот Жоао Фонсека успеа да се пласира во четвртфиналето на Ролан Гарос откако синоќа по полноќ го победи Каспер Руд со 3:1 во сетови. На тој начин по триумфот над Новак Ѓоковиќ 19-годишниот Бразилец успеа да елиминира уште еден од фаворитите.
Фонсека по голема борба ги доби првите два сета со 7:5 и 7:6 (8) за водство од 2:0, но Руд го доби третиот сет со 7:5 во гемови за неизвесност во мечот. Сепак Фонсека продолжи со одличната игра и го освои четвртиот сет со 6:2 во гемови.
Негов ривал во следната рунда ќе му биде Јакуб Менсик кој успеа да го елиминира Андреј Рублев со 3:2 во сетови по 220 минути игра. Менсик ги доби првите два сета со 6:3 и 7:6 (6), но потоа Рублев изедначи на 2:2 во сетови освојувајќи ги следните два сета со 6:4 и 6:2. Решавачкиот сет му припадна на Менсик со 6:3 во гемови.
На овој начин продолжи елиминацијата на фаворитите на машкиот дел од турнирот на Ролан Гарос.
јуни 1, 2026
