Connect with us

Тенис

Сабаленка ја победи Касаткина во третото коло на Ролан Гарос

Светскиот рекет број еден, Белорусинката Арина Сабаленка, попладнево ја победи Австралијката Дарија Касаткина во третото коло на Ролан Гарос со 6:0 и 7:5.

Натпреварот траеше 1 час и 17 минути. Сабаленка сервираше еден ас, направи две двојни грешки и реализираше пет од 10 брејк топки.

Касаткина сервираше еден ас, направи четири двојни грешки и реализираше една од две брејк топки.

Во четвртото коло на Отвореното првенство на Франција, белоруската тенисерка ќе се соочи со Јапонката Наоми Осака.

Вкупен награден фонд на Грен слемот во Париз изнесува 71,6 милиони долари

Маркетинг
Ad 1
Ad 1