Connect with us

Вести

Во Куманово собир за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ

Во Куманово се одржа собир за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ. Група граѓани, членови на здружението, „Мир, слога, стабилност“ го организираа собирот на кој главно беа присутни граѓани на Куманово и на Скопје, кои со српски и македонски знамиња тргаа од кумановскиот плоштад, по улиците на централното градско подрачје до конзулатот на Србија во Македонија.

Пораката како што кажаа учесниците на собирот е да му дадат поддршка на претседателот на Србија, Вучиќ, истакнувајќи дека како Срби по националност ја сакаат и Македонија и Србија, дека во ниту еден случај не шрат национализам, туку љубов, мир и разбирање.

-Нашата поддршка е за претседателот и пораката е за Србија. Воопшто пораката не е насочена за тука. Ние ја сакаме Македонија, тука живееме, работиме, ги сакаме двете земји еднакво, изјави Милена Величковиќ од здружението.

Таа кажа дека тука се да испратат пораки за мир и стабилност, благосостојба. Дел од учесниците кажаа дека се присутни за да му дадат поддршка на српскиот претседател и дека како Срби во Македонија ги почитуваат и двете земји, на кои како граѓани им посакуваат просперитет. Собирот траше час и половина, а го следеа медиуми од Македонија и Србија.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1