Connect with us

Општини

Кавадарци се збратими со Општина Будва, Црна Гора

Кавадарци се збратими со Општина Будва, Црна Гора, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

– Градоначалникот Митко Јанчев заедно со претседателот на Совет д-р Стојанчо Рамов, потпишаа меморандум за збратимување со претставници на Општина Будва, Црна Гора, на чело со претседателот на Совет на Будва, Петар Оџиќ. Со овој меморандум двете страни се обврзуваат да ја зацврстат соработката меѓу локалните самоуправи, туризмот, младите, спортот, културата, земјоделството и економските односи, во согласност со законските надлежности и почитување на законите на двете држави – соопштија од градоначалничкиот кабинет. 

Притоа споделија дека претставниците на општините изразиле силна волја за градење трајни партнерски односи, со посебен акцент на соработката во областа на туризмот, културата, образованието, младинските политики, како и економскиот развој. 

– Беа разгледани конкретни иницијативи, меѓу кои и организирање на културни и спортски настани, како и настани за развој на винскиот туризам. Со ова, општините Кавадарци и Будва го отвораат патот за ново и долгорочно партнерство – информираа од кабинетот на Јанчев.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1