Општини
Шведскиот амбасадор Ола Сулстром во посета на Општина Битола
Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски денеска оствари средба со Ола Сулстром, амбасадор на Шведска во земјава.
Соговорниците разменија мислења за билатералните односи меѓу двете земји, а градоначалникот Коњановски го запозна амбасадорот Сулстром со Битола градот со богата историја, култура, туристичката мапа и можностите на градот под Пелистер, како и економските потенцијали кои ги нуди Битола и кои се привлечни и за странски инвеститори.
Од Општина Битола информираа дека градоначалникот и амбасадорот учествува на манифестацијата „Праведна енергетска транзиција во Пелагонија – нови вештини, иновации и одржлив економски развој“.
мај 6, 2026

