Connect with us

Вести

Владата со поддршка за „Unified“ спорт во училиштата – заеднички активности за ученици со и без попреченост

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, оствари средба со претставници и спортисти од Специјална Олимпијада Македонија, како и со тимот на Специјална Олимпијада Европа – Евроазија.

Во фокусот на разговорите беше иницијативата за воведување на „Unified“ спортски активности во училиштата, каде ученици со и без попреченост ќе спортуваат заедно. Владата дава целосна поддршка на иницијативата, со цел поттикнување на еднаквоста и инклузијата.

„Како Влада, даваме целосна поддршка на оваа иницијатива и веруваме дека таа ќе донесе вистински позитивни промени во општеството. Нашата определба е секое дете да има еднаква можност да се развива, да биде прифатено и активно да учествува“, објави Мицкоски.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4