Connect with us

Хроника

Претрес во струмичко, пронајдена дрога, лишени од слобода четири лица

Приведени биле четири лица од струмичкото село Муртино, по претрес и пронајдена марихуана.

– На 29 април во 23:15 часот во селото, полициски службеници од СВР – Струмица ги лишија од слобода С.З.(36), Д.В.(21), Б.М.(20) и С.А.(40), сите од Муртино. При претрес во домот на С.З., извршен со судска наредба, каде биле затекнати и Д.В., Б.М. и С.А., била пронајдена марихуана. Лицата се задржани во Полициската станица – Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струмица, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. 

По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 4