Connect with us

Хроника

Приведени две лица во Струмица и поднесена кривична пријава поради разбојништво

СВР – Струмица до Основното јавно обвинителство – Струмица поднесе кривична пријава против С.Х., на возраст од 27 години од Струмица, поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело „разбојништво“ по член 237 и против А.Х., на 25-годишна возраст од Струмица, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „прикривање“ по член 261, а во врска со член 237 од Кривичниот законик, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– На 21.04.2026 во 18 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струмица, пријавениот С.Х. физички го нападнал Р.Д.Р., на возраст од 36 години од село Мокрино, струмичко, при што му го одзел мобилниот телефон и побегнал. Мобилниот телефон е пронајден кај второпријавениот А.Х., од кого е одземен и вратен на оштетениот – појаснија од МВР. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 2