Connect with us

Вести

Трајков: Реформската агенда дава резултати, фокусирани сме на одржлив развој и иновации

На денешната интернационална конференција посветена на одржливи системи и бизнис трансформации, заменик-министерката за европски прашања истакна дека зелената и циркуларната економија повеќе не се концепт на иднината, туку реалност која веќе активно се применува.

Преку усогласувањето со европските политики, ние не само што ги прифаќаме стандардите, туку создаваме услови за долгорочен економски раст базиран на одржливост,“ беше нагласено во обраќањето.

Дополнително, беше потенцирано дека Реформската агенда веќе не е само стратешки документ, туку процес што дава конкретни и мерливи резултати. Преку неа, како и преку европските механизми за поддршка, се обезбедуваат значајни финансиски средства за инвестиции и спроведување на реформите.

Институциите, како што беше истакнато, имаат клучна улога во обезбедување на пристапност и ефикасно искористување на овие можности од страна на сите засегнати чинители.

Оваа конференција претставува уште една потврда за посветеноста на земјата кон забрзување на реформите, зајакнување на економијата и постигнување одржлив развој во согласност со европските вредности и политики.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2