Connect with us

Вести

Формирана Комисија за селекција на кандидати за член на Државната комисија за спречување на корупцијата

Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на денешната седница донесе решение за формирање Комисија за селекција на кандидати за член на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Според решението, членови на комисијата се Соња Трифуновска, заменик-народен правобранител, Дарко Аврамовски, претставник на здружението, односно фондацијата назначен за член во Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор за областа демократија и владеење на правото, односно членот во Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанското општество во областа владеење на правото и борба против корупцијата, Бардил Јашари, претставник на здружението, односно фондацијата назначен за член во Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор за областа медиуми и информатичко општество, како и пратениците Игор Здравковски, Зеќирја Таири, Сања Лукареска, Дијана Тоска. 

– Комисијата за селекција од редот на членовите избира претседател на Комисијата.Членовите на Комисијата за селекција се овластуваат да вршат обработка на личните податоци, при што се должни да обезбедат тајност и заштита на обработката на личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци – пишува во решението. 

Со седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата раководеше претседателот Горгија Сајкоски.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4