Connect with us

Вести

СДСМ се скара и со градоначалникот на Крива Паланка, меѓу ретките кој е на функција од таа партија

Откако не го послуша својот лидер Филипче, и градоначалникот на Крива Паланка Митовски е прогласен за ВМРО-вец. Со тоа што пред интересот на лидерот, го става интересот на граѓните во својата општина во однос на рудникот за антимон, тој според Филиче директно одработувал за владејачката партија и премиерот Мицкоски. Ама како да нема храброст да му го каже тоа во лице, па наместо да го викне на консултации, тој по својот градоначалник, еден он само шесттмината, удира преку медиумите.

Филипче останува на своите обвинувања дека фирмата која сака да инвестира во рудникот во Крива Паланка, била донатор во кампања на ВМРО-ДПМНЕ, што не е ништо противзаконски, ама за него тоа било смртен грев и митевски не трабало да учествува.

-Има обврска градоначалникот кога станува збор за таков проект, кој што гледаме дека зад него стојат бизнис интереси на ВМРО-ДПМНЕ, еден од потписниците на тие договори што ќе го користат рудникот е донатор во ВМРО-ДПМНЕ и тоа ништо не е чудно. Се досега е поврзано со бизнис интересите на премиерот и оваа владејачка гарнитура, тоа се знае, секојднево излегуваат информации, изјави Филипче.

Митовски за Алфа изразува жалење што неговиот лидер и раководството во последно време, наместо да разговара со своите членови, со нив се конфронтира, со како што вели, луди соопштенија. Останува на ставот дека станува збор за потенцијална голема и стратешка инвестиција, која би донела економски развој на општината и би било една од причините младите да не се иселуваат од таму. Вели дека на граѓаните им е важен подобриот живот, а не препукувањата меѓу политичарите, од било која партија.

-Сите овие аргументи, обвинувања и слично, треба да се дискутираат во рамките на партијата, не преку луди соопштенија, кои што можеме да ги видиме еден долг период на социјалните мрежи и преку медиумите. Жал мие што пред да се случи било што посеавме страв меѓу луѓето, сметајќи дека сето ова ќе биде толку небезбедно за нивното здравје, за нешто кое што постоело во времето на СФРЈ, кога нашите дедовци и баби ја граделе оваа држва, изјави Митовски.

Митовски потенцира дека референдум ќе има доколку таква иницијатива дојде до општината и советот, но прво транспарентно да се види кавки точно планови има инвеститорот со евентуалниот рудник во Крива Паланка, за граѓаните да можат да донесат одлука согласно сите факти и аргументи кои ќе бидат презентирани пред нив. Со оваа кавга, Митовски станува дел од се поголемиот список на функцинери на СДСМ, кои поради тоа што не го слушаат слепо својот лидер, тој ги прогласува за вмро-овци.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4